Правни информации
ПОЛИТИКА ЗА ДОСТАВА НА ПРОИЗВОДИ
Оваа политика се однесува на достава на производи нарачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку сопствениот системот на достава на Sportmaster.mk или преку партнер за достава на адресата која е наведена во нарачката под следните услови: - Доставата се наплаќа во зависност од направената нарачка;- Доставата на производите се врши до вратата на купувачот или до влезот на станбениот објект;
- Трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната цена на производот;
- Купувањето преку нашата интернет страница може да се реализира од било коja локација, со испорака низ цела Република Северна Македонија;
- Празнични денови и викенди не се врши испорака на нарачки и истите денови не влегуваат во пресметката на време за испорака;
- Порачките кој се направени до 14:00 часот се испорачува во следните 24 часа во работни денови освен на државни празници и неработни денови, а додека порачките направени по 14:00 часот и во петок се испорачуваат во понеделник, броејќи 24 часа во работни денови;
- Порачките кој се направени по 14:00 часот во тековниот ден на порачката се ипорачуваат за 48 часа во работни денови;
- Испораката на производите се врши на адресата наведена за испорака од страна на купувачот;
- Производот што ќе биде порачан може да се плати електронски со картичка или при самата испорака.
Сите измени поврзани со испораката ќе бидат јавно објавени преку измена на оваа Политика за достава за производи.
ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност.Со Вашата регистрација и најавување на нашата веб страна Sportmaster.mk, изјавувате дека сте запознаени и согласни со содржината на нашата Политика на приватност.
Sportmaster.mk ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи во Република Македонија.
ПРИБИРАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ
Sportmaster.mk има право да собира и користи податоци за Корисниците. Информациите со кои Корисникот може да се идентификува опфаќаат имиња, локација, адреса на е-пошта, телефон за контакт, како и сите други информации што Корисникот доброволно ги внел или се предвидени при користење на Услугите на Sportmaster.mk веб-сајтот.Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
Личните податоци, доброволно поднесени од нашите посетители: Име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да се исполни побараната нарачка.
Вашите лични податоци ќе се користат во согласност со позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.
Податоците кои се собираат, се чуваат кај нас и нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.
Sportmaster.mk не собира никакви информации од финансиска природа како број на Картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на Банките преку кои се спроведува наплатата.
ПОДАТОЦИ ЗА ПЛАЌАЊЕ
Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето, од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесуваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме која е серфитицирана за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката со користење и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка.КОЛАЧИЊА (COOKIES)
Sportmaster.mk има право (но не и обврска) на компјутерот на Корисникот или на други терминални уреди да инсталира колачиња - мали текстуални датотеки кои се зачувани на некоја Интернет страница преку интернет сервер на хард дискот на Корисникот и дава можност за обновување на информациите за Корисникот бидејќи тие ги препознаваат сајтовите/страниците што неговиот/нејзиниот терминален уред ги користи и/или пребарува.Колачињата кои ги користи Sportmaster.mk не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот.
Корисникот има право во секое време да го одбие зачувувањето и/или пристап до информациите кои се зачувани на терминалниот уред кој го користи Корисникот.
Забраната и/или бришењето на колачињата од страна на Корисникот може целосно или делумно да му оневозможи на Корисникот да пристапи до Sportmaster.mk веб-сајтот и/или Услугите, да ги промени или отстрани преференциите што Корисникот претходно ги поставил на веб-сајтот Sportmaster.mk и/или значително да го влоши квалитетот на Услугите, за што Sportmaster.mk не презема одговорност.
ОТКРИВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Sportmaster.mk се обврзува да не открива какви било лични податоци и други информации за корисникот или за неговото/нејзиното користење на Услугите, како и да не ги открива прибраните податоци на трети лица - надлежни органи, компании, поединци и други, освен:- кога тоа е предвидено во оваа Политика или во Условите за користење;
- кога корисникот ќе даде јасна согласност во моментот на регистрацијата или подоцна;
- кога тоа е потребно заради исполнување на некоја законска обврска на Sportmaster.mk;
- кога информациите ги бараат државни власти, судски власти или службени лица, кои согласно важечкиот закон се овластени да бараат и прибираат такви информации во согласност со законските процедури и прописи;
- во други случаи утврдени со закон;
Sportmaster.mk може да ги сподели личните податоци на крајниот корисник со давателот на услугата за дистрибуција на производите за исполнување на нарачките, испорака на пакетите, испраќање на пораки и e-mail пораки.
ПОЛИТИКА ЗА ЛИЦА ПОД 18 ГОДИНИ
Sportmaster.mk веб-сајтот не е наменет за лица под 18 години. Sportmaster.mk нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 18 години. Во случај лице под 18 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, тие треба веднаш да го известат Sportmaster.mk на контакт адресите на Sportmaster.mk.ИЗМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Sportmaster.mk го задржува правото за промена и дополнување на Политиката за заштита на лични податоци со цел да ги содржи новите практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот.КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Ве молиме контактирајте не ако имате било какви прашања во врска со нашата Политика за заштита на лични податоци.Можете да не контактирате онлајн на [email protected] или може да ни испратите пошта на следната адреса: бул. Илинден 160-1/56 Скопје
ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
1. Користење
Sportmaster.mk, веб-страната може да се користи без никакви трошоци за користењето, а во согласност со овде наведените услови и правила.Корисниците помлади од 14 години не смеат да ја користат веб-страната на Sportmaster.mk.
Sportmaster.mk не поседува или одржува информации за никого под 14 години возраст, и веб-страната не е дизајниранa за да привлече некој кој е под 14 годишна возраст.
Со користењето на интернет продавницaтa на Sportmaster.mk се обврзувате да ги почитувате следниве услови и правила.
2. Услови
Условите за купување на производи преку интернет продавницaтa на Sportmaster.mk се дефинирани со следниве параметри: нарачка, плаќање, подготовка, испорака, рекламација.Испорачателот на производите е Sportmaster.mk кoj преку своjaтa интернет продавницa овозможува купување на дел од асортиманот на производи кои се наоѓаат во неговата понуда.
Kупувач се смета секоe правно и физичко лице кое преку електронски пат ќе нaрача производи од сајтот за е-трговија Sportmaster.mk
Сите цени се изразени во македонската национална валута (МКД/ден) со вклучен ДДВ.
3. Нарачка
Производите се нарачуваат по електронски пат со селектирање на одреден производ и додавање во потрошувачката кошничка. Производите се сметаат за нарачани во моментот кога купувачот ќе избере, нарача и го изврши плаќањето.Sportmaster.mk се обврзува да ги испорача сите нарачани производи кои за време на испораката ги има во магацин. Доколку не е во можност да испорача било кој од нарачаните производи, има должност да го контактира корисникот телефонски или преку e-mail и по можност да го замени производот со друг соодветен или да ги врати уплатените средства.
4. Цени
Цените важат на денот на извршената нарачка и уплата.Цените на сите производи на веб страницата Sportmaster.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.
Sportmaster.mk го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена.
5. Подготовка на нарачката
Нарачаните производи ќе бидат соодветно спакувани.Купувачот е должен при превземањето на нарачката да ја провери од евентуалните оштетувања и веднаш да ја рекламира. Во спротивно не се превзема никаква одговорност по однос на рекламацијата за испорака на производите.
6. Плаќање
Купувачот се обврзува да ја плати сумата за испорачаните производи преку следниов начин на плаќање: - со платежни картички по електронски пат- со плаќање по испорака од доставувач
За успешно купување потребно е да го одберете типот на платежната картичка кој го поседувате во полето „Сопственик на картичка„ да се впише Името и Презимето кое се наоѓа на платежната картичка. Во полето „Број на платежна картичка„ да се впише бројот на картичката кој се наоѓа на предната страна и во полето „Датум на истек„ на картичката да се впише датумот на истек на картичката.
7. Испорака
Нарачката ја доставуваме со доставна служба.Секој купувач е должен при испорака на производите да ги провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува. Купувачот треба да ја пријави рекламацијата веднаш. Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.
Доколку не сте дома, во Вашата канцеларија, во времето на испораката нашиот доставувач ќе ви телефонира.
Забелешка: Sportmaster.mk не гарантира дека ќе може да ви ги испорача производите истиот ден.
8. Има ли доплата за испораката?
Да, доплатата е фиксна и зависи од износот на самата нарачка дали е во класата на вкалкурирана испорака или не, а самата е вкалкулирана во вкупната вредност на нарачката.Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку сопствениот систем на достава на Sportmaster.mk или преку партнер за достава на адресата која е наведена во порачката под следните услови:
- Доставата на производите се врши до вратата на купувачот или до влезот на станбениот објект.
- Трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.
9. Враќање/ Рекламација на производи
Во случај на враќање на производите, купувачот е должен да укаже на оправдана рекламација на тел:+38971388880 или писмено преку eмаил [email protected].
Купувачот има право на рекламација во следниве случаи:
- испорака на производи кои не се нарачани.
- испорака на производи кои имаат грешки или оштетувања кои настанале при транспортот.
Купувачот има право да врати купен производ во период од 15 дена од датумот на достава, под услов производот кој се враќа да е во иста форма и содржина во која е испорачан, неотпакуван, неупотребуван и неоштетен, со сите етикети и ознаки кои ги имал при доставата.
Средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка која била искористена при плаќањето, или на лице место од нашиот доставуивач, а за истата сума купувачот може да добие и замена за производите.
Во случај да не е во можност да испорача други производи, Sportmaster.mk ќе му ја надомести на купувачот вредноста на производите кои не може да му се испорачаат.
Правото за поврат на производите може да се оствари со пополнување на Барање за поврат.
Вратените производи не смеат да бидат употребувани, со оштетени опаковки, налепници и декларации.
10. Изјава за заштита и чување на личните податоци од неовластено користење
Sportmaster.mk се обврзува да ги заштити податоците на своите корисници.Сите податоци за корисниците строго се чуваат и достапни се само на оние лица кои ги извршуваат непосредните активности вклучени со корисниците.
Сите лица во Sportmaster.mk се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.
11. Интелектуална сопственост
Содржината на Sportmaster.mk интернет продавницата е заштитена и Sportmaster.mk го има еднинственото право за нејзино користење. За секое комерцијално користење на содржината од Sportmaster.mk мора предходно да добиете одобрение и да контактирате на e-mail: [email protected]12. Достапност
Иако Sportmaster.mk настојува да Ви ја даде најдобрата понудена услуга, не може да гарантира дека услугите на Sportmaster.mk ќе одговараат на Вашите потреби.Sportmaster.mk исто така не може да гарантира дека услугите ќе бидат без грешки.
Доколку дојде до било каква грешка или недоразбирање Ве молиме да се јавите на дежурниот телефон +38971388880 или на [email protected] како истата би ја отстраниле во најбрз можен период.
Пристапот до Sportmaster.mk понекогаш може да биде недостапен поради работа и одржување на истиот или воведување на нови содржини.
Sportmaster.mk го задржува правото на измена на овие услови и правила без претходна најава. Сите промени се применуваат на користењето на Sportmaster.mk веб страната.
Доколку не се сложувате со наведените правила на користење или не сакате да ги прифатите, Ве молиме да не контактирате со своите забелешки.
За тоа време Ве молиме да не ги користите уcлугите на нашите интернет продавници на веб страната www.sportmaster.mk